Прв преоден извештај за активностите и предметите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) беше формирано од страна на Собранието, во септември 2015 г., согласно политичкиот договор постигнат со посредство на ЕУ, за надминување на политичката криза што произлезе по скандалот со прислушување во 2015 г. Овој извештај е резултат на следењето на судските постапки од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за случаите во надлежност на СЈО. Овој преоден извештај првенствено се однесува на 20-те случаи за кои СЈО подигна обвиненија, согласно законскиот рок. Извештајот содржи фактички преглед на обвиненијата во овие предмети и ги анализира релевантните случувања до потврдувањето и самото нивно потврдување, со посебен акцент на мерките на претпазливост и контроверзиите околу допуштеноста на прислушуваните разговори како докази. Извештајот содржи и информации во врска со четири предмети првично гонети од Јавното обвинителство (ЈО), а потоа преземени од СЈО, како и преглед на јавно достапни информации во врска со тековните истраги на СЈО.
Disclaimer
The views, opinions, conclusions and other information expressed in this document are not given nor necessarily endorsed by the Organization for Security and Co-operation in Europe (OSCE) unless the OSCE is explicitly defined as the Author of this document.